ШОКАНТНИ СЦЕНИ ОД АМЕРИКА: Ледени топки падѓаа од небото, најмалку 24 мртви – а најлошото допрва доаѓа

0
201

Бројот на загинати во серијата бури што од саботата зафати неколку американски сојузни држави се искачи на 24.

Невремето предизвика смртни случаи во американските сојузни држави Тексас, Оклахома, Арканзас, Кентаки и Колорадо, јавува NBC News.

 

Видео споделено на социјалните мрежи, снимено во Тексас, покажува како паѓа голем град.

Поради невремето без струја останаа околу 300.000 луѓе во седум сојузни држави.

 

Националната метеоролошка служба ги предупреди жителите на североисточниот дел на САД, особено Њујорк и Пенсилванија, на силни грмотевици во понеделникот.

 

Од Метеоролошката агенција додаваат дека, додека студениот воздух се движи кон северот на земјата, екстремно високи температури ќе го зафатат Тексас, каде се очекува да достигнат до 49 Целзиусови степени.