Објавена е снимката од нападот на братот на министерот на БиХ. „Ајде, престани“

0
184

N1 Србија доби видео од инцидентот во населбата Медаковиќ во Белград и објави дел од видеото на кое се гледа како напаѓачите бегаат откако го претепаа Ѓорѓе Мијатовиќ (37), кој подоцна почина

  1. https://publish.twitter.com/?query=https%3A%2F%2Ftwitter.com%2Fn1srbija%2Fstatus%2F1795048175759188208&widget=Tweet

Нападот се случи вчера нешто по 18 часот. Инаку, групата хулигани кои го нападнаа Ѓорѓе Мијатовиќ, кој почина веднаш по тој инцидент во Ургентниот центар во Белград, наводно со месеци им правеле проблеми на станарите од зградите во населбата Медаковиќ, а само ден пред инцидентот (во саботата) кршеле клупи и му се заканувале на граѓанин кој ги замолил да не го прават тоа, пишува N1.

Случајот веднаш го пријавил во полиција, која излегла на местото на настанот, разговарала со групата која правела хаос, но како што велат станарите не ги легитимирала бидејќи биле малолетни.