Три мајки од Кумановско биле нападнати од нивните синови

0
107

Три лица, двајца кумановци и жител на липковско, ги нападнале своите мајки, информираат од СВР Куманово.

Како што информираат од СВР Куманово случаитe биле пријавени на 26 мај (недела). Едниот е приведен, за двата случаи полицијата презема мерки за целосно расчистување.

Во неделата во 16:00 часот во СВР Куманово, 67-годишна жена од Куманово пријавила дека била физички нападната од нејзиниот син, наведува полицијата.

Седумдесетгодишна кумановка истиот ден пријавила во полицијата дека физички била нападната од нејзиниот син.

На полноќ во неделата, полициските службеници пак лишиле од слобода дваесет и четиригодишен жител на липковско, Слупчане.

– СВР Куманово го лишиле од слобода Н.А. (24) од село Слупчане, липковско, затоа што физички ја нападнал неговата мајка. Н.А. бил приведен во полициска станица и по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, информираат од СВР Куманово.