Сиљановска-Давкова: Не сум го прекршила Преспанскиот договор, ќе го почитувам, но понекогаш ќе ја употребувам или придавката или името

0
91

„Кога зборуваме за име на државата, не може само рационални да бидеме. Тоа е дел од мене. Се што сум направила во животот, сум направила во Република Македонија. Јас не можам постојано да се потсетувам, чекај сега од 2019 година е поинаку“, вели претседателката

Разговаравме со кабинетот дека на лентата на венецот кој требаше да го положиме во Рим по повод чествувањето на светите браќа Кирил и Методиј, може да пишува и РС Македонија, но лентите се куси, па затоа се одлучивме за такво решение, бидејќи јас бев предводник на државно-црковата делегација.

Ова денеска го одговори претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, одговарајќи на новинарското прашање зошто на венецот што таа го положи во Рим не го пишуваше името на државата, туку само нејзината функција и нејзиното име.

360°.mk