Тешка несреќа: Прегазено седумгодишно дете во школски двор

0
192

Тeшка несреќа се случила денеска во Валандово, објави 24 Инфо.

Малолетник со мотор во дворот на основното училиште „Јосип Броз Тито“ удрил во друго дете на седумгодишна возраст кое се здобило со тешки телесни повреди.

Детето со итна помош прво било однесено во Здравствениот дом во Валандово, а откако му биле утврдени сериозни повредени било префрлено во општата болница во Гевгелија а оттаму на крајот е донесено во Градската болница за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје, пренесе 24 Инфо.

Извор: 24info.mk