БРУТАЛНО УБИСТВО ВО СРБИЈА Германска државјанка крвнички ја убила свекрвата обвинувајќи ја за разводот

0
103

Германска државјанка крвнички ја убила свекрвата обвинувајќи ја за разводот.

 

Германската државјанка Л.А.А.(39) е уапсена во Ужице под сомнение дека во селото Дубница во општина Сјеница ја убила својата свекрва Б.Л. (66). Снаата ја обвинувала свекрвата за разводот, по жолчната расправија, извадила нож и ја прободела неколку пати во главата и во телото.

Според информациите што ги пренесува Блиц, осомничената откако го напуштила сопругот, живеела во Босна и Херцеговина, а пред неколку дена дошла во Ужице со уште една девојка која требало да и помогне околу децата кои свекорот ги донел да ги види.