Битолчанец се претставил како полициски инспектор и измамил жена за 398.000 денари

0
102

СВР Битола поднесе кривична пријава против 37-годишниот З.М. од Битола за измама, соопшти МВР.

На 15 мај 2024, З.М. ѝ се јавил на 76-годишна жена, претставувајќи се како полициски инспектор од Охрид. Тој ѝ кажал дека нејзината внука направила сообраќајна несреќа во Охрид и дека прегазила дете мигрант, чии родители барале пари. Истиот ден, кај оштетената жена дошло друго лице на кое таа му дала 398.000 денари.