Два месеца од исчезнувањето на Данка Илиќ – телото сè уште не е пронајдено, таткото на осомничениот за убиството од денес на слобода

0
99

Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март во населбата Бањско Поље, кај Бор додека била во дврот на семејната кужа на нејзиниот дедо со мајка си и братот, а за нејзиниот случај ниту два месеци подоцна нема целосна завршница.

Имено, и по признанието на двајца работници на ЈКП „Водовод“ дека го убиле девојчето и го фрлиле телото во блиската депонија, таа се уште не е пронајдена.

Од моментот на најзиното исчезнување сите ја бараа Данка – спасувачите, војската и полицијата, користен е хеликоптер и дронови со термални камери, а на помош дошле и граѓани во околината на Бор и низ државата. По десет дена од интензивнта потрага, уапсени се работниците на ЈКП „Водовод“ од Бор, С.Ј.(50) и Д.Д.(50) од село Злот. Тие се во притвор од 6 април поради ризик од бегство, можност за влијание врз сведоци и уништување или отстранување докази за извршување на кривично дело, како и нарушување на јавноста.

Во притвор беше и Радослав Драгијевиќ (73), таткото на осомничениот за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, кој денеска е ослободен, потврди за Нова.рс обвинителот на Вишото јавно обвинителство Заечар.

Драгијевиќ е осомничен дека му помогнал на синот Дејан да го премести телото на девојчето по убиството.