Мотоциклист прегазил скопјанка, со тешки повреди била пренесена во болница

0
86

Шеесет и седумгодишна скопјанка е тешко повредена откако била прегазена од мотоциклист на булеварот „Никола Карев“.

„Вчера во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Никола Карев“ во Скопје, мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.А.(26) од Скопје, удрил во пешакот Е.Д.(67) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.Д., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ “, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.