Вознемирувачко видео : Гром покоси три деца на плажа

0
374

Низ социјалните мрежи се шири снимка од моментот кога гром удрил во тројца малолетници на плажа во Порторико. Три момчиња (7, 10, 12) од САД стоеле едно до друго на песочната плажа Монтонес де Изабела кога на нив удрил гром и паднале на грб.

На друго видео може да се види како жена му прави реанимација на момчето, додека друга жена и маж им пружаат прва помош на другите две момчиња, пишува Дејли мејл.

Децата биле итно пренесени во болница. Седумгодишното момче рече дека нема чувство во нозете, но дека е во стабилна состојба, додека 12-годишното дете е во критична состојба.