Славјанка Петровска има амбиции да стане лидер на СДСМ.
„Ќе се кандидирам за претседател на СДСМ“, вели за ТВ 24 пратеничката Славјанка Петровска.
Петровска е министер за одбрана во заминување. Потврдата доаѓа пред ЦО на СДСМ на кој треба да се потврдат датумите за отчетниот Конгрес на кој лидерот во оставка Димитар Ковачевски ќе треба да реферира за историски најголемиот изборен пораз во партијата, но и за внатрепартиските избори кои треба да се одржат на 30 јуни.