ПЕТРОВСКА ВЕРУВА ДЕКА ИМА ПОМАЛА ОДГОВОРНОСТ ЗА ИЗБОРНИОТ ПОРАЗ ОД ДРУГИТЕ ВИСОКИ ПАРТИСКИ ФУНКЦИОНЕРИ

0
132

Министерката за одбрана во заминување, Славјанка Петровска, во гостување на подкастот кај Кристијан Ландов, одговараше на прашања околу нејзината кандидатура за лидер на СДСМ.

Со оглед на тоа што таа ќе се кандидира за претседателското столче на СДСМ, новинарот и постави прашање дали не чувствува одговорност за изборниот пораз, по што таа одговори дека има помала одговорност од другите партиски функционери.