Голема трагедија ја потресе Македонија: 20 годишно момче загина по удар од гром

0
89

Голема трагедија ја потресе Македонија: 20 годишно момче загина по удар од гром

20 годишно момче од село Коџалија, радовишко синоќа почина по удар од гром.

Oколу 20 часот во ПС Радовиш било пријавено дека во 19:30 на ливада на место викано Водовод во радовишко од гром починал Р.М. (20), а со повреди се здобил З.М. (23) двајцата од Коџалево.

Смрт констатирал лекар од итната медицинска помош од Радовиш, а другото лице е пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“.