Гаши за раперските денови: Ја направивме групата без ниту еден денар во џебот, а снимавме во едно студио на заем

0
103

По изборот на Африм Гаши за нов собраниски спикер, повторно стана актуелна групата „Празни џебови“ и на социјалните мрежи се врти спот каде Гаши рапува.

Тој вели дека тоа било во време кога шундот, кичот и турбо-фолкот во 90-тите почнале да се распространуваат, па тие застанале како авангарда.

-Со еден многу модерен „хип хоп“, „рап“ и „саунд“ и „соул“ музика направивме комбинација и тогаш од многумина не бевме добро разбрани, ама после тоа беше подобро. Ме вративме во поубавиот дел од мојот живот. Ја направивме групата без ниту еден денар во џебот. Снимавме во едно студио на заем. Па кога го продадовме албумот, ги вративме парите – рече Гаши на Телма.