Видео: Родители се тепаат на детски фудбалски натпревар, дечињата вознемирени

0
170

Голем скандал се случи вчера на натпревар од Детска лига и тоа на теренот во Сарај во Скопје.

Имено, на мечот меѓу Сарај и Фит Кид, генерација 2012 година, се случи тепачка меѓу родители.

На видеото кое го објави sportsport, се гледа како неколку возрасни лица, веројатно родители на дечињата се пресметуваат меѓу себе додека фудбалерчињата се чудат што се случува.