Давкова до Ахмети: Не знам што им е тоа мајоризација на Европскиот фронт

0
101

Нема ниту мајоризација, ниту шовинизам, со ваков став претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска му возврати на ДУИ по нивните обвинувања и најавената битка за “легитимитет“.

Претседателката им испрати порака на Ахмети и ДУИ и и’ порача, опасно е да бидете секогаш на власт, власта оптоварува.

Еден победник има на изборите, секогаш нашите влади биле мултиетнички, така што не можам да забележам мајоризација, додаде Сиљановска-Давкова, која одговарајќи на новинарско прашање на оваа тема, нагласи и дека изборот на влада се прави според идеолошката определба, како и според наоѓањето со кого би постигнале најдобри реформски резултати.

Од ДУИ пак возвратија. Најавуваат редефинирање на правниот поредок на државата, односно, според нив, тенденциите на новата Влада се минирање на сè што е постигнато од 2001вата досега.

Инаку, од Демократската унија за интеграција, минатата недела посочија дека остануваат доследни на својот став за почитување на гласот на албанскиот народ и другите етнички заедници бидејќи, како што рекоа, тоа е единствената гаранција за стабилност и прогресивен континуитет на земјата, на што од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека волјата на мнозинството е ДУИ да оди во опозиција и да се соочи со одговорност.