Михајловска: Не е проблем вибер групата, туку нашиот став кон матурата и чесноста кон испитот

0
76

„Не мора да значи дека сите членови на вибер групата ја злоупотребиле во полагањето на државната матура“, изјави директорката на Државниот испитен центар, Билјана Михајловска во вечерашната Топ Тема на Телма.

„Прво да бидеме фер кон сите оние ученици коишто, можеби од љубопитност влегле во таа група пред многу време, бидејќи не од вчера или завчера формирана, и останале таму па потоа се тргнале. Но, она што е лошо и за кое што дискутираме сега е што таму се споделуваат податоци коишто можат да бидат злоупотребени од ученици коишто помалку знаат за да добијат необјективно повисоки оценки, и ние сме сите многу возбудени како јавност и оваа и минатата година, затоа што и минатата година постоеше вибер група. Не знаеме оваа година колку ќе констатираме дека препишувале“, рече таа.

Михајловска посочи дека минатата година на тестирањата по Англиски јазик било констатирано препишување кај 3.114 ученици, но во 2016 година таа бројка била уште поголема.

„Немаше ни вибер тогаш воопшто. Значи не е вибер групата проблем, проблем е нашиот пристап кон матурата. 4.000 добиле нула во 2016 година, без вибер група, биле откриени од оценувачите, било констатирано препишување од оценувачите. Сакам да кажам, не е проблем вибер групата и колку членови има, проблем е ставот кон матурата, ставот кон испитот и чесноста кон испитот“, рече директорката на ДИЦ.