Мицкоски – Македонија ќе остане Македонија во секоја моја изјава

0
72

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека негово човеково право гарантирано со многу конвенции е правото на слобода на изразување и говор и дека затоа како што рече „мојата татковина во секоја моја изјава е Македонија и ќе остане Македонија“.

„Не очекувам талибански однос, цензурирање на елементарно човеково право, а се што е содржано во Преспанскиот договор и дел од нашиот правен систем и уставен поредок идната влада на ВМРО-ДПМНЕ тоа ќе го почитува. Вклучително еве и решенијата за пратеници коишто ги добивме, ги добивме со придавката содржана“, рече Мицкоски.

Ваквиот коментар на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа откако премиерот на Грција Киријакос Мицотакси минатиов викенд рече дека очекува Мицкоски да го користи името Северна Македонија.

Р.С.Е.