ДЕСПОТОВСКИ ВЛЕЗЕ СЕРИОЗНО ВО БИТКАТА ЗА ПРЕСТОЛОТ НА СДСМ: Објави веб страна „Нов почеток“

0
86

Кандидатот за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски објави интернет страна на која членовите на СДСМ ќе можат да се информираат за неговата програма, но и да предложат идеи за дејствувањето на партијата.

„Веќе е активен нашиот нов вебсајт https://novpocetok.mk/ . 

Тука можете:

детално да се информирате околу нашата програма и заложби;

да предложите ваша идеја за тоа како да го подобриме работењето на партијата;

да се информирате за активностите поврзани со претседателската кампања;

да се пријавите како волонтери во кампањата.

Благодариме на сите кои веќе покажа желба да помогнат за Нов почеток и Нов СДСМ“, напиша тој на Фејсбук.

Faktor.mk