КИНА ЌЕ ЈА ОТВОРИ ПРВАТА БОЛНИЦА СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВО СВЕТОТ СО 14 ЛЕКАРИ И КАПАЦИТЕТ ОД 10.000 ПАЦИЕНТИ

0
125

Кина ја претстави првата болница во светот со вештачка интелигенција (ВИ), која ќе направи револуција во конвенционалната здравствена заштита низ целиот свет и ќе спаси милиони животи.

Болницата наречена „Агент Хоспитал“ е виртуелна установа која има 14 лекари со вештачка интелигенција и четири медицински сестри, објави Експрес.

За неколку дена, лекарите во виртуелната болница можат да посетуваат до 10.000 пациенти. За споредба, на лекарот ќе му требаат најмалку две години за да ги достигне истите бројки.

Pari.mk