Чичкото шокира со исказот за убиството на внуката во Грција: Слушнав само „ах“ и потоа ништо

0
142

„Стоев во пекара и ја видов внуката. Не знам како ми се случи да ја поканам на прошетка. Се договоривме да биде во 8 навечер”, рекол чичкото на рочиштето.

Подоцна признал дека имал намера да ја силува својата роднина.

„Ја чекав и таа дојде по своја волја. Во мини маркетот земавме освежување. Кога стигнавме на целта, ја земав за рака и ѝ предложив да продолжам „понатаму“. Рече дека не сака и дека ќе им каже на родителите“, додаде тој.

Според зборовите на чичкото, како што пренесуваа грчките медиумит , тој планирал да го силува девојчето во автомобилот, но не очекувал дека таа ќе му се закани дека ќе им „каже се на родителите“.

По ваквата заканувачка реакција на девојчето, чичкото наводно со шрафцигер ја прободел во срцето и слезината.

“Почнав да ја бодам со шрафцигер во вратот и грбот. Ја фатив за коса и ја одвлеков во полето. Таму слушнав само “ах”, а потоа ништо. Ја фрлив во трските и отидов кај мајка ми”. рекол чичкото.

Да потсетиме, малата Василика исчезнала во неделата вечерта, а нејзиното исчезнување семејството го пријавило во полиција околу 3 часот по полноќ. За жал, девојчето во понеделникот било пронајдено мртво и телото било најдено на нива.

Во 2017 година осомничениот за убиството на Василика бил уапсен за силување на 14-годишно дете. Според медиумите, се работи за роднина на таткото на Василика.

Во 2020 година, тој бил осуден на Закинтос, но бил ослободен на условна слобода во очекување на пресудата на апелациониот суд. Бил должен редовно да се јавува во полициска станица. Засега не е познато дали ја испочитувал судската наредба.