Државнички е владата да им каже на граѓаните дека не е одговорна за Преспанскиот договор, но мора да го почитува – вели Османи

0
85

„Кажете, ние не сме го изгласале, ние сме биле против, овие предавнициве го направија тоа и ние мора да го почитуваме. Тоа е фер однос кон државата“, изјави денеска министерот за надворешни работи во заминување, Бујар Османи, одговарајќи на новинарски прашања по разговорите што ги имал со грчката заменик-министерка за надворешни работи, Александра Пападопулу и со својот грчки колега, Јоргос Герапетритис
Прашан во врска со Протоколите или Меморандумите кои произлегуваат од Договорот од Преспа, а кои сè уште не се ратификувани од грчкото собрание, шефот на дипломатијата рече дека и ние имаме неисполнети обврски во тој дел, како што се законот за МАНУ и законот за Македонската радио-телевизија (МРТ), кои не се поминати во македонското Собрание.