Трагедија: 24-годишен припадник на македонската Армија почина во болница откако му се слошило на Криволак

0
208

На Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување-Карил синоќа околу 23:15 часот починал 24-годишен припадник на Армијата, професионален војник со иницијали А.Ј, соопшти утрово Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија.

Професионалниот војник бил еден од кандидатите кои го посетуваа селективниот курс за баталјонот за специјални сили кој се одвива изминатите дваесетина денови на Армискиот Полигон „Криволак“.

Како што наведуваат од ГШ, на самиот завршеток на изведувањето на последната дисциплина од селективниот курс, марш на долго растојание во касните попладневни часови, по 18,30 часот, без претходни видни знаци, на професионалниот војник моментално му се слошило по што паднал во безсознание.