„Европски фронт“ за балансерот: „Вреди“ се слуги на ВМРО-ДПМНЕ и работат на штета на албанските интереси

0
92

Она што засега е официјално е дека ќе биде отстранет балансерот, како важен механизам кој потекнува од Охридскиот договор и има за цел да ги заштити етничките заедници од мајоризација и дискриминација во државните институции.

Ова е рекацијата од коалицијата „Европски фронт“, откако денеска Изет Меџити, идниот прв вицепренир и министер за животна средина во новиот владин кабинет изјави дека балансерот нема да се укине, туку дека ќе биде законски регулиран.

Оттаму рееагираат дека Законот за правична застапеност, како што велат, не е дел од владината програма што до Собранието ја доставил претставникот, Христијан Мицкоски.

„Оваа коалиција на слуги и измеќари нема апсолутно никаква храброст и знаење да бара и да го натера нивниот газда, ВМРО-ДПМНЕ, да вклучи барем едно национално прашање во владината програма“,

велат од „Европски фронт“.

Оттаму велат дека денешната конференција во организација на коалицијата „Вреди“, како што посочуваат претставува трагично-комичен спектакл на коалицијата која ги загуби парламентарните избори, ако и дека е само уште еден обид да се измамат граѓаните со празни ветувања како оние од предизборната кампања кои не успеаја ниту да станат дел од програмата на нелегитимната Влада за која се предупредува.

„Да се покрие овој неуспех, како и други пропусти како загубата на првиот вицепремиер, намалувањето на бројот на министерства, губењето на најтежинските министерства, намалувањето на бројот на дирекции, изборот на пропутинистот и проВучиќ, антикосоварецот, Иван Стоилковиќ за министерот за спроведување на Охридскиот договор и многу други неуспеси, ‘Вреди‘ денеска ја извади следната лага која повеќе наликуваше на траги-комично шоу оправдувајќи ја партијата за улогата на министерот и вазал на ВМРО“,велат од „Европскиот фронт“.

Балансерот се злоупотребува, нема да се укине, но ќе биде законски реформиран, вели Меџити

Според Меџити, балансерот со кој, како што рече, многу Македонци станале Албанци за да се вработат, најави дека ќе се замени со Законот за правична застапеност. Тоа значи дека балансерот нема да се укине, туку како што рече Меџити, ќе се уреди со закон и преетставува законска обрска.

„Тоа ќе биде направено за правичната застапеност да стане законска обврска, а не да остане механизам за политичко пазарење како што беше досега. Овде сакам да разјаснам, и внимателно слушнете ме: ниту еден Иван, посебно не Иван Стоиљковиќ, никогаш нема може да ги промени фактите“,вели тој.

„Вреди“ во новата извршна власт ќе има двајца вицепремиери и пет министри. Покрај Арбен Таравари, кој ќе биде министер за здравство, и Изет Меџити кој ќе биде прв вицепремиер и ќе раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање, Фатмир Лимани ќе биде министер за социјална политика, демографија и млади, Бесар Дурмиши, министер за економија и труд, Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања, а вицепремиер и министер за добро владеење ќе биде Арбен Фетаи.