„Пежо“ излета кај Маџари, возачот е во болница

0
135

Полицијата со детали за сообраќајката која денеска се случи во скопско Маџари.

– Денеска (12.06.2024) во 11.22 часот во СВР Скопје било пријавено дека на Железен мост Маџари на влез за Скопје патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки излетало надвор од коловозот. Со повреди се здобил возачот кој бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, соопштија од полицијата.