Половина милијарда евра што Македонија ги позајми од Унгарија не се ништо повеќе од ставање на државата во заложништво на Унгарија- вели новиот лидер на СДСМ Венко Филипче, коментирајќи го заемот што го најави премиерот Мицкоски. За опозицијата и овој заем ја покажува геостратешката определба на државата.
И експертите го делат сомнеж за потеклото на парите, алудирајќи на можна поврзаност со поранешниот премиер Груевски.
„Можеме слободно да кажеме дека задолжувањето од друга влада дава многу сомнежи и за дискусија е кога станува збор за влада како Унгарија, која како членка на ЕУ е доста проблематична. Некако беше најавено пред да се создаде новата влада, дека ваквото задолжување ќе има и политички влијанија, уште повеќе кога се знае дека во таа земја е и поранешниот македонски премиер во азил“, рече Насир Селими, универзитетски професор.