Македонската полиција го уапси Блерим Рамадани, екс припадник на ОВК баран со потерница од Србија

0
97

Македонската полиција го уапси Блерим Рамадани, екс припадник на ОВК баран со потерница од Србија.

„Станува збор за Блерим Рамадани, поранешен припадник на Оперативната зона Неродиме на Ослободителната војска на Косово“, соопшти Министерството за правда на Косово.

Министерството за надворешни работи соопшти дека во овој случај се занимава и амбасадорот на Косово во Северна Македонија и дека косовските властите работат на брзо ослободување на Блерим Рамадани.

„Нашиот амбасадор во Северна Македонија, Флоријан Ќехаја, интензивно се заложи за постапување по овој случај и како Министерство за надворешни работи работиме со македонските власти за брзо ослободување на Рамадан“, се вели понатаму во одговорот за косовските медиуми.

На влез во државата, полициски служебеници го лишиле од слобода Б. Р. (47) од Косово затоа што при пасошка контрола и извршени проверки било констатирано дека евидирал со мерка ‘апси‘ по барање на Интерпол Србија. Предаден е на полициски службеници од СВР Тетово за понатамошна постапка“, велат од ресорното министерство

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска ја потврди информацијата на косовското министерство за надворешни работи дека е уапсен косовски државјанин, поранешен припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), врз основа на потерница издадена од Република Србија.

Од косовското МНР велат дека ќе ја информираат јавноста за натамошните случувања во врска со овој случај.