Казнети 111 возачи во Скопје

0
71

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден санкционира 111 возачи во Скопје.

Како што информираат од МВР, најмногу казни биле изречени за брзо возење дури 42, 10 лица се санкционирани за возење без возачка дозвола, биле казнети и четворица мотоциклисти.

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, наведува МВР.