Србија повторно ќе помага со воздухоплови за гаснење на пожарите

0
82

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ синоќа соопшти дека, со одобрение на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот Милош Вучевиќ, српската полиција утринава ќе испрати два хеликоптери за да им пружи помош на припадниците на Секторот за вонредни состојби во гаснењето на пожарот што се прошири од Македонија до местото Козјак кај Бујановац, во близина на манастирот Прохор Пчињски.

Дачиќ информира и дека поради ширењето на пожарите во источниот дел на Македонија, а врз основа на официјалното барање на Центарот за управување со кризи на Владата во Скопје, Министерството за внатрешни работи на Србија ќе испрати хеликоптер „Агуста Бел 212“ со пет припадници на хеликоптерската единица и припадник на Одделот за вонредни состојби.