Продолжен викенд, на Богородица се чека и по два часа

0
69

Повторно гужви на граничните премини Табановце и Богородица. Продолжениот празничен викенд, кој почнува утре, ја зголеми фреквенцијата за влез во Македонија од Србија и за излез од Македонија кон туристичките места во Грција. Утрово на Богородица, за влез во Грција се чека и до два часа.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.