СРБИЈА ГО ЛАНСИРА СВОЈОТ ПРВ САТЕЛИТ: Ќе го набљудува Сонцето, но и – Србија

0
186

Србија наскоро ќе го испрати својот прв сателит во вселената. Со тоа таа ќе стане една од 106 земји во светот кои веќе имаат вселенски програми. Лансирањето на сателитот, наречен – Мозаик во вселената е планирано за крајот на 2025 или почетокот на 2026 година, со идеја да остане во земјината орбита помеѓу две и три години, објави белградска Политика.

Задачата на првиот српски сателит ќе биде набљудувањето на Сонцето во доменот на Х-зраците, што е невозможно од Земјата, бидејќи атмосферата, за среќа на човештвото, ги блокира рендгенските зраци, но, Мозаик има уште неколку мисии. Како што истакна за „Политика“ д-р Милан Стојановиќ, проект менаџер и научен соработник на Астрономската опсерваторија во Белград, на сателитот ќе има и мала камера која оддалеку ќе ја снима Србија.

„Иако има снимки со поголема резолуција од Google или некои други сателити, тие не ни се секогаш достапни. Така еднаш дневно ќе добиваме слики од нашата земја, но и подобро совладување на оваа технологија“, објаснува Стојановиќ.