Малолетник загина во сообраќајка помеѓу автомобил и автобус на ЈСП кај Блаце

0
81

Седумнаесетгодишно момче загина во сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне кај скопското село Блаце помеѓу автомобил и автобус на ЈСП. Во несреќата тешко повредено е и 13-годишно момче, брат на загинатиот.

Несреќата се случила кога автобус на ЈСП со број 81, кој сообраќал на редовната линија, се судрил со автомобил во кој се наоѓале двајцата малолетници.

Тинејџерот кој го управувал автомобилот, веднаш бил пренесен во градската болница, каде што починал како последица на сериозноста на повредите.