ДУИ стана сериозен фактор за дестабилизација, но спремни сме да одговориме на секакво сценарио – рече Мицкоски

0
120

Имаме план, имаме некои информации кои не би сакал јавно да ги споделувам, ги имаме лоцирано луѓето кои заговараат ваков тип на сценарија. Нивната сметка, што јавна, што тајна, е со повеќе од седум цифри во евра и нормално дека сакаат таа сметка да ја заштитат со манипулирање со чувствата на граѓаните, рече премиерот
На почетокот на месецов, премиерот во интервју за неделникот „Фокус“ а потоа и на заедничка прес-конференција со косовскиот премиер Албин Курти соопшти дека Владата располага со информации добиени од повеќе канали дека ова раководство на Демократската унија за интеграција во обид да го заштити капиталот што го создавале изминатите 20 години ќе преземе чекори во насока на дестабилизирање на државата – денеска, на новинарско прашање Мицкоски ги повтори наводите.

360°.mk