Десет месечно бебе повредено додека татко му бил тепан во Гостивар

0
156

Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Гостивар поднесе кривична пријава против М.Е. (29) од селото Неготино и Б.Ш. (30) од селото Дебреше, поради основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 12 август, во трговски центар во Гостивар, пријавените, по претходна расправија, физички го нападнале А.А. (36) додека тој го држел својот десетмесечен син. Во инцидентот, покрај А.А., и детето се здобило со повреди.

Полицијата ги презема потребните мерки за понатамошно процесуирање на случајот.