Гаши ја свика комисијата за заемот од Унгарија, но не и онаа за законот за бранители

0
59

Според документот од Собранието, Гаши за утре во 10 часот ја свикува четвртата седница на Комисијата за финасисрање и буџет, со единствена точка на дневниот ред – предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија кај Унгарската експорт-импорт банка по скратена постапка

Претходно во денот, Гаши постапи различно во сличен случај со комисијата во која треба да се разгледа законот за бранители

Додека денеска претседателот на Собранието Африм Гаши информираше дека нема да закаже седница на матичното работно тело за да се разгледа законот на бранителите, тој попладнето свика седница на Комисијата за финасирање и буџет, откако тоа во деловничкиот рок не го стори претседателката Сања Лукаревска.