Радев: Искажаната желба за разбирање од Сиљановска Давкова да стане конзистентна политика на Владата на РСМ

0
52

Бугарскиот претседател, Румен Радев, по средбата со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, не даде изјава за медиумите, но мошне брзо на неговата официјална интернет страница осамна соопштение во кое се нагласува дека тој очекува „искажаната желба од Сиљановска Давкова за дијалог и разбирање да стане конзистентна политика на Владата на Република Македонија“.

Претседателот на нашиот југозападен сосед е во Бугарија по повод посетата на Националната опера и балет на РСМ, која во Софија ќе ја претстави операта ‘Набуко’ од Џузепе Верди. На средбата, претседателот Радев истакна дека дијалогот на највисоко ниво меѓу двете земји треба да биде активен и да ја стимулира работата на владите, бизнисите, како и билатералната размена во областа на образованието, науката и културата.

„Бугарија отсекогаш била отворена за дијалог со РСМ и очекува тоа не само да помогне во билатералното културно зближување и во економската соработка, туку и преку неа да постигне решение за отворените прашања во нашите односи. За нив мора да се одлучува врз основа на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, протоколите потпишани кон него и Заклучоците на Европскиот совет од летото 2022 година, усвоени едногласно од сите земји-членки на ЕУ и со согласност на РСМ“, нагласил Радев, како што се нагласува во соопштението од неговиот кабинет.

Шефот на бугарската држава, Радев, го истакнал и следното:

„Тоа се начините да се отвори преговарачкиот процес за целосна европска интеграција на соседот во интерес на младите во земјата, а тоа ќе биде позитивен знак за целиот регион“.

ретседателот Радев, како што пишува понатаму во соопштението од неговиот кабинет. повикал и на значително поактивни заеднички напори од страна на Бугарија и „РСМ“ за изградба на транспортниот Коридор 8, кој, како што се нагласува, е од клучно значење за поврзаноста и безбедноста во Југоисточна Европа и ќе создаде квалитативно нови услови за бизнис, туризам. и поттикнување на инвестиции во регионален план.