„Дајте им права на Бугарите во Македонија“: Националисти со пароли и довикувања ја пречекаа Сиљановска

0
84

Националисти и припадници на бугарската ВМРО се собраа пред Националната опера во Софија и со викање, довикување и разни навредувачки пароли ја пречекаа македонската претседателка и нејзината делегација, кои вечерва присуствуваа на настапот на македонската опера и балет со „Набуко“.

Тие носеа плакати со натписи како „Патот на РСМ кон Европа минува низ коридорот број 8“, „Не за јазикот на омразата“, „Дајте им права на Бугарите во Македонија“ и други.