Се запали угостителски објект во центарот на Охрид

0
35

Пламенот е изгаснат и избегната е поголема материјална штета. Според првичните информации, нема повредени во пожарот

Се запали угостителски објект во центарот на Охрид, на самиот Градски плоштад. Како што пренесува МИА, пламенот избувнал во оџакот на објектот, а благодарение на брзата интервенција на вработените од околните локали, било спречено ширење на пламенот.

На лице место пристигна и екипа на Територијалната противпожарна единица. Пламенот е изгаснат и избегната е поголема материјална штета. Според првичните информации, нема повредени во пожарот.