ВИДЕО: Повеќе од триесет пожарникари сè уште се борат со огнот во Чаир

0
139

Пожарот кој рано утрово избувна во станбена зграда во скопската населба Чаир, сè уште е активен, а повеќе од 30 пожарникари се борат со огнената стихија. Според информациите од надлежните, горат стотици тони пластика и други запаливи материјали, кои се складирани во импровизиран магацински простор во подрумот на зградата.

Пред зградата, од која се извива густ чад, се собрани станарите, жители на населбата, а во голем број е присутна и полицијата.

ТВ21 објави снимка од зградата во Чаир, направена вечерва.