Трагедија утрово кај Прилеп: Загина тричлено семејство при страшна сообраќајка на патот Прилеп-Битола

0
132

Teшка сообраќајка утрово околу 7:30 часот се случи на патот Прилеп-Битола, пред индустриската зона, кога се судриле камион и две патнички возила.

Од сударот настанал пожар во товарното возило и во едно од патничките возила, при што неофицијалните информации говорат дека загинати се три лица кои се превезувале во едно од патничките возила.