Двајца лекари и техничар се жртвите во кобната сообраќајка утрово на патот Прилеп-Битола

0
106

Двајца лекари и еден техничар утрово настрадаа во тешката сообраќајна несреќа на регионалниот пат Прилеп-Битола откако директно се судрија со камион кој пренесувал лесно запаливи материи. Со повреди се здобил возачот на камионот.

Од МВР ги соопштија деталите за трагичната несреќа.

Утрово во 07.51 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп – Битола кај клучката Лагово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота” со прилепски регистарски ознаки управувано од 42-годишниот Н.В. од Прилеп и сопатниците А.Р и Ф.Ј., сите од Прилеп и товарно возило „волво” со скопски регистарски ознаки управувано од 51-годишниот Г.Р. од Битола, соопштија од полицијата.