СЕВЕРНА ОДЛУЧИ ДА СТАВИ ЦЕЛОСНА ПАТНА БЛОКАДА КОН ЈУЖНА КОРЕЈА

0
43

Севернокорејската армија објави дека од денеска целосно ќе го прекине сообраќајот на сите патишта и железници поврзани со Јужна Кореја, пренесе државната новинска агенција КЦНА.

Генералштабот на корејската народна армија во соопштение пренесено од КЦНА рече дека одлуката е одговор на воените вежби што се одржуваат во Јужна Кореја, која ја нарече „примарна непријателска држава“.

Министерството за одбрана на Јужна Кореја соопшти дека Обединетите нации биле информирани за ситуацијата, но не соопштија детали.

Северна Кореја оваа недела одржа седница на врховното народно собрание, на која не се зборуваше за можни промени во односот кон обединувањето со Јужна Кореја.

Агенцијата КЦНА јавува дека на седницата на врховното национално собрание, Уставот бил изменет за промена на старосната граница за работа и гласање, како и дека биле усвоени нови закони за индустрија и економија, а Но Кванг Чол бил назначен за министер за одбрана.