Што довело до смртта на мајката и детето од тетовско Слатино? Дали труење со храна или нешто друго..

0
384

Поминаа повеќе од 12 часа од пронаоѓање на безживотните тела на 36-годишната мајка и нејзината четиригодишна ќерка во тетовското село Слатино.

Според МВР, бабата, мајка на починатата, ги пронашла безживотните тела на својата ќерка, и внука кои биле на посебни кревети. Неофицијално на нив не биле најдени траги на насилство.

Таткото бил потешко повреден и пренесен во тетовската болница, а потоа пренесен во полиција на информативен разговор, додека неговиот деветгодишен син поради сериозноста на повредите е пренесен во скопската клиника.

За што станува збор? Неофицијално во Тетово се шпекулира дека причина за смртта е труење со храна, поточно со печурки.

МВР се очекува денеска да даде повеќе детали за овој инцидент.