ФОТО | СДСМ обвини дека шефот задолжен за контрола на наплата не плаќал патарини

0
48

Опозициската партија СДСМ денеска на прес-конференција обвини дека шефот на контрола на Наплатната служба на патарините во Петровец, Миланчо Митревски не плаќал патарини.

Снимки од патарините кои ни ги доставија свиркачи покажуваат дека Митревски кога проаѓа со возилото на патарина не плаќа патарина. Еве слика од оваа снимка на којашто се гледа возилото кое го управува Митревски. Поради заштита на лични податоци нема во целост да ја објавиме. На 15.08.2024 во 08:47 часот непосредно од кога е назначен заедно со неговата сопруга Бети, присилно го тера вработениот на наплатна станица Отовица да го пропушти без да плати – велат од СДСМ.

Бидејќи овие податоци се јавно достапни, од СДСМ велат дека ги провериле на веб порталот од Системот за електронска контрола на патарините и тие се целосно потврдени.

-Народот да плаќа, само партиските кадри на Мицкоски и Трајановски да не плаќаат патарина. Ова е недозволиво. Особено што луѓе кои работат на патарините беа приведени за 20 – 30 денари вишок пари.Очигледно законите не важат за партиските кадри на Мицкоски и Трајановски. Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа истата партија од минатото со ист начин на владеење како до 2016 година – додаваат од партијата.

Од СДСМ апелираат до Коце Трајановски, директор на ЈПДП веднаш да го разреши Митрески а надлежните институции да преземат мерки за соодветна одговорност.