16 вработени од Зоолошка се анкетираат во моментов, за да се реши кои од нив ќе одат под здравствен надзор

0
110

Вкупно 16 вработени во Зоолошката градина во Скопје, во моментов се анкетирани од страна на епидемиолог од Институтот за јавно здравје, поради појава на птичји грип во Зоолошката градина. По завршувањето на епидемиолошката анкета со вработените, ќе се утврди кој од нив имал многу близок контакт со птицата и таквите лица ќе бидат ставени под здравствен надзор. Ова за Слободен печат го потврдија високопозиционирани лица во Институтот за јавно здравје. Според нив, птичјиот грип бил утврден со доказ од лабораторија, односно станува збор за констатирана состојба откако една од птиците угинала и била пријавена за мртва доцна синоќа. Откако се завршени лабораториските анализи, констатирано е дека таа птица имала птичји грип.