МИНИМАЛНА ПЛАТА САМО ЗА РАБОТНИЦИ СО СРЕДНО И БЕЗ НИКАКВО РАБОТНО ИСКУСТВО, ШТО ВЕЛАТ СИНДИКАЛЦИТЕ ЗА ПЛАТИТЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТНИЦИ

0
410

Минималната плата треба да биде основна плата под која не смее да се исплати ниту една плата во државата. Оваа плата треба да ја зема само некој со средно образование, кој нема никакво искуство и ниту еден ден работен стаж. Од Сојузот на синдикатите на Македонија велат за весникот ВЕЧЕР дека минимална плата може да зема само некој што се вработил денес и нема минат труд, а не некој што подолго време работи во една компанија и придонесува во создавањето на нејзиниот капитал.

– Минималната плата треба да биде основна пресметковна единица за останатите плати, а не плата за живот. Ако некој се вработил денес, нема работно искуство и минат труд, тогаш може да зема минимална плата, за сите други – тоа е неоправдано. Минимална плата може да земаат оние работници што имаат коефициент 1, односно оние што немаат никакво образование. Но, такви работници речиси и да нема. Така, на пример, бравар има коефициент 1,7 и зема плата од 37 илјади денари – изјави за весникот ВЕЧЕР Иван Пешевски, потпретседател на Сојузот на синдикатите на Македонија.

Од друга страна, има професии како, на пример, медицински сестра и друг помошен технички персонал, каде што се зема речиси минимална плата. Според последните податоци на УЈП, над 25 илјади работници земаат минимална плата, а 88 илјади – помеѓу минималната и просечната плата.

– Загрижувачки е тоа што голем дел од вработените земаат помеѓу минималната и просечната плата, а уште позагрижувачки е тоа што поголем дел од нив се поблиску до минималната отколку до просечната плата. Над 150 илјади вработени во приватниот сектор и 95 отсто од вработените во јавниот сектор се под просечната плата. Тоа значи дека вкупно 300 илјади луѓе во државата земаат плата помеѓу минималната и просечната плата, односно помеѓу 22.567 и 41.961 денар – објаснува Пешевски.

Податоците од Сојузот на синдикатите покажуваат дека близу 35 илјади работници во државата работат за минималец или до минимална плата. Девет илјади работници примаат плата од еден денар до 22.576 денари.

– Сметаме дека 35 илјади работници заслужуваат зголемување на платите, а согласно со тоа – и сите останати работници. Борбата за минимална плата е ниту еден работник да не биде на минимална плата, туку да биде основа под која не смее да се исплаќа плата во државата. Минималната плата не е плата за некој што секој ден доаѓа на работа, продуктивен е и создава капитал, тоа е плата за некој со средно образование, кој нема никакво искуство и ниту еден ден работен стаж – изјави Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.

Некои од државите од регионот веќе ги покачија минималните плати, а некои ќе го направат тоа од наредната година. Така, минималната плата во Србија во 2025 година ќе изнесува 458 евра, што е за 13,7 отсто повеќе од минималната плата за тековната година.

Владата на Црна Гора најавува нова фискална стратегија, со која минималната плата од октомври 2024 година треба да биде 700 евра. Нацрт фискалната стратегија предвидува повисоки плати за сите вработени во Црна Гора – просечна плата од 1.000 евра, минимална плата од 700 евра во просек, односно 600 евра за V степен образовни квалификации и 800 за VI степен.

Износот на минималната нето-плата во Хрватска од 1 јануари следната година треба да се зголеми за 80 евра, од годинашните 670 на 750 евра или за 15 отсто.

Премиерот Андреј Пленковиќ изјави дека во Хрватска 100.000 луѓе го добиваат „минимумот“ и посочи дека „целта на Владата е да обезбеди подостоинствен живот за оние што имаат најмалку“.

Далеку највисока минимална плата од земјите во регионот има Словенија, која во 2024 година изнесува 1.253,90 евра