Ја фрлил бомбата пред клубот на Самка, но не ја активирал, па се вратил назад да види зошто не експлодирала

0
25

Пред клубот на партијата на Самка Ибраимовски била фрлена бомба каширака, но таа не експлодирала, па напаѓачот се повратил назад да провери зошто кашикарата не е активирана. Откако не успеал да ја активира си заминал. Сето ова било забележано на безбедносните камери од околните објекти.

„Во 4 часот и 23 минути дошло лицето тука, го скршило стаклото, ја фрлило бомбата, таа не експлодирала, па имал храброст да се врати назад да види дали е активирана бомбата или не е. За среќа не беше активирана, да била сигурно би направила голема штета. Нашиот член од партијата кој утринава дошол во клубот почнал да го мете скршеното стакло без да ја забележи бомбата, па можел не сакајќи и тој да ја активира. Се работи за бомба кашикара од постар тип која има големо разурнувачко дејство. Ние, како политичка партија, немаме забелешки ниту сме се замериле со некого освен некои недоразбирања со извршителите. Дали тоа е причината или нешто друго, се надевам дека набрзо ќе дознаеме“, изјави Ибраимовски.