Донација на автобуси од Белград ќе го спасува скопскиот јавен превоз?

0
64

Белград планира да ги отстапи автобусите ,,соларис” на Скопје и на другите градови во Македонија, соопшти денеска Центарот за локална самоуправа.

Невладината организација Центар за локална самоуправа се противи на оваа најава, затоа што како што велат, градскиот превоз во Белград е во криза. Според нив и граѓаните на Белград се назадоволни од градскиот превоз. Автобусите ,,соларис” се зглобни автобуси дизајнирани за јавен градски превоз, кои се изработуваат во Полска.

Од невладината организација изразија сомнеж дека мотивот зад донацијата е создавање простор да се увезат турски автобуси на гас кои ќе возат по белградските улици, а кои според нив се субстандардни.