(ВИДЕО) Се работи со полна пареа: Македонската инфраструктура за неколку години ќе има нов лик

0
322

Министерот Александар Николоски работи на крупни проекти во областа на транспортот додека тој е на челната позиција во ова министерство. Само во текот на претходната недела беа промовирани два значајни проекти: автопатска делница од Гостивар до Букојчани и Кичево со кој ќе се забрза патот до Охрид, а вториот е патниот правец од Прилеп до Битола кој е дел од коридорот 10д.

о министерството за транспорт и врски се работи со полна пареа. Под дневен мониторинг директно од премиерот Мицкоски, а заедно со првиот човек на ЈПДП, Коце Трајановски министерот Николоски започнува со реализација на крупни проекти.

Два крупни проекти презентирани за една недела од министерот Николоски

Кога ќе се реализираат проектите на кои сега активно работи министерот Николоски, од Скопје до Охрид би се патувало за час и половина. Исто толку време ќе биде потребно и за од Скопје до Битола. До Прилеп од главниот град би се стигнувало за час и 10 минути.

Видео од градежната офанзива

Министерот Николоски на својот Фејсбук профил сподели видео од градежните активности на автопатот Прилеп – Битола.

Се работи и под рефлектори

Вечерни градежни активности на клучката кај Страцин,се асфалтира под рефлектори!