Конференција за развој на креативен туризам во Македонија

0
1065

Спојување на секторите, но со сериозна и внимателна стратегија. Во меѓувреме поддршката од државата досега е минимална, додека бенефитот кој го носат фестивалите во економијата е далеку поголем, велат панелистите на Првата јавна дискусија по трансформација на ресорот култура во Министерство за култура и туризам. Со оглед на фактот дека и оваа година финасиските средства кое ги дава надлежното министерство за Д фестивал се лимитирани  сега ние сме принудени да направиме десет чекори назад, вели Кочишки.

Д фестивал ќе го земам како пример до пред три години немаше ни табла на автопатот за да свртат српските туристи или било кои туристи и ние се трудевме тие три четири дена да дадеме насоки каде се наоѓа Дојран, познат по лошата меморија со комарците кои сите ние сме ги преживеале како деца. Денес Д фестивал е најголемиот економски двигател во Дојран затоа што 10-15.000 луѓе, секој од нив сигурно оставаа по 100-ина евра во градот изјави Логин Кочишки, Д Фестивал Дојран и Таксират Скопје

За Чочороски со години наназад креативните индустрии низ различни форми подаваат рака на туризмот и се взаемно врзани , но ние мора да дефинираме за каков туризам сакаме да говориме.

Еве да тргнам од Охрид, одлична креативна индустрија  „Охридско лето“, попрестижна институција нема. Каде таа креативна индустрија да се препознае од вашарот што владее во Охрид, од лудницата, од меаните, од концертите од џунглата и ние викаме креативна индустрија. И туристот каде да ја забележи креативната индустрија во лудницата.изјави Тоше Чочороски,од  КУД Дримкол, општина Вевчани- Вевчански карневал

Имаме сериозен проблем ние кои работиме култура кои се занимаваме си принципи и правила сериозни селекции на изведувачи и почитуваме правила, имаме проблем со естрадизација на културата. Парите одат кај шунки, кобасици, плоштади полни со јадења и бендови кои ги црпат парите на локално ниво кои се наменети за нешта кои треба да ги протежираат. изјави Тодор Ивановски, „Локумфест“- Битола

Со развојот на креативните индустрии, во една поинаква стратешка рамка во интегрирано министерство за култура и туризам,  ќе се даде можност на оние кои се занимаваат со култура, да ја гледаат иднината надвор од институциите, рече министерот Љутков.

Едно нешто од најважните аспекти е како ние како земја да си ги мапираме конкретните културни вредности кои што ги имаме. Ние ќе мора како држава да ги измапираме сите. И во делот на фолклорот и во делот на музиката, на археологијата, во делот на винскиот туризам, во делот на спортот изјави Зоран Љутков

Според Младеновски, музички уредник во Младинскиот културен центар  фестивалите што ги организираат стануваат атрактивни за регионот и воедно се со најниски цени на билетите. Тоа на кое што треба да се инсистира е подобра платформа за да се споделат искуствата.

Нина Стефанова